Единствениот курс за Видео Контент Креација во Македонија.
Добредојдовте во уникатното креативно искуство за млади уметници и креативци! Тука учесниците се охрабруваат да истражуваат, да се изразуваат и да развиваат свои идеи во динамична и инспиративна средина.
Без разлика дали пробуваат нешто ново за прв пат или сакаат да ги усовршат своите вештини, ќе создаваат, ќе ја градат самодовербата и ќе развиваат трајни пријателства - сè додека откриваат што навистина ги мотивира и инспирира.
Место каде што креативноста се поттикнува, талентот се негува, а секој учесник има простор да расте и да се изрази.
❊ Марви Курсеви
Учи. Цртај. Снимaj. Зрачи.
Видео Контент Креација
Првиот курс за видео контент креација во Македонија нуди динамична програма што го опфаќа целиот процес - од сценарио и снимање, до монтажа и финална изведба.
Покрај техничките знаења, учесниците ќе поминат низ практични вежби за оформување ставови и поттикнување креативно размислување.
Секој учесник ќе изработи 3 оригинални видеа, кои на крај ќе бидат претставени на специјална проекција пред компании.
Цртање и Сликање
Нежно и инспиративно патување во светот на уметноста.
Курсот по цртање и сликање е посветен на креативна игра, релаксација и градење самодоверба - совршен како анти-стрес терапија за сите што сакаат да цртаат, но и за оние што сакаат да откријат нови техники и вештини.
Завршуваме со финална изложба, каде секој учесник гордо ќе го претстави своето дело.
❊ Што кажаа за нас?
Довербата се гради преку резултати. Еве што велат оние што одблиску го искусија нашиот пристап.
Со Мартин соработуваме скоро две години и знам дека кога тој го монтира видеото ќе добијам нешто феноменално. Тој не само што е посветен и темелен, туку знае точно како да ја долови мојата визија. Искрено, не знам што би правел без неговата помош кога станува збор за монтажа.
— Александар Динев, Инфлуенсер
“
Со Мартин креиравме документарен танцов филм. Со него се најдовме во КСП-Центар Јадро минатата година, како кореограф и редовен професор при ФМУ-УКИМ катедра за балетска педагогија бев импресионирана од неговите компетенции во полето на филмот.
— Искра Шукарова, кореограф и професор (ФМУ-УКИМ)
Фото: А. Лазаревска
“
Со Мартин работевме на проект за Forza Fusion, каде неговата креативност и прецизност навистина направија разлика. Reels видеата што ги изработи не само што ја подигнаа дигиталната комуникација на брендот, туку и реално придонесоа за зголемена свесност и продажба. Искрено професионален, посветен и секогаш чекор напред во идеите.
— Крсто Златков, консултант за маркетинг и продажба и советник за кариера и личен развој
“
❊ ЧПП
Често поставувани прашања!
-
Минималната возраст е 15 години.
-
Курсевите за Цртање и Сликање и Видео Контент Креација започнуваат со настава на 1ви ноември 2025 година.
-
Наставата ќе се одржува во просториите на МладиХаб (MladiHub) во Центар.
-
Предзнаење или претходно искуство не е потребно за упис на курсевите.
-
Може да се плаќа на 3 или 2 рати. За уплата на целиот износ, следува 20% попуст.
-
Да, апликантите може да закажат онлајн разговор со нас, каде ќе зборуваме за нивните достигнувања, вештини и портфолио. Ние ја носиме одлуката за висината на попустот по разговорот.
-
Да, по успешно завршување на било кој курс, следува сертификат.