Ако не беше таму, пропушти нешто големо - Marvie’s Full Circle Event!
Крај на првиот циклус, почеток на нови креативни приказни!
Оваа сабота, како убаво заокружување на првиот месец од новата година, Marvie Creative заедно со нашите студенти ги прослави нивните успеси, завршни работни задачи и визуелни дела преку мултимедијален настан со видео проекции и изложба.
Во топла и пријатна атмосфера, со благо и шампањ, го одбележавме крајот на нашето прво креативно патување.
На настанот беа прикажани повеќе од 15 видеа и над 25 уметнички дела создадени од студентите на сите курсеви на Marvie Creative:
Видео контент креација, Цртање и сликање и Видео монтажа во CapCut.
Аплицирај на било која од програмите и добиј 20% попуст до 5ти февруари!
Студентите имаа можност своите видеа да ги претстават пред потенцијални клиенти и компании, со кои некои од нив дури и ја започнаа својата прва соработка уште за време на курсот.
По завршувањето на видео проекциите, настанот продолжи со вистинско визуелно уживање, каде посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со делата и креативниот процес на студентите.
А еве sneak peak од тоа како си поминавме…
Те очекуваме на креативна авантура,
твоите Ана, Мартин и Оли <3
Marvie Creative // 31.01.2026