Како едно видео донесе нови клиенти за Телосфера - бренд на наша студентка
Бисера Димчева, основач на брендот Телосфера, кој нуди часови за современ танц, зумба и креативни работилници, се приклучи на програмата за Видео Контент Креација (За Брендови) со јасна цел — да научи како самостојно да создава видео содржини за социјалните мрежи. За да ја зголеми свесноста и продажбата за својот бренд.
За време на курсот, заедно со менторот Мартин Чичовски, беа развиени три видео концепти — од идеја и сценарио, до снимање и финална реализација. Првото видео, наменето за претставување на студиото, веднаш по објавувањето постигна одличен успех на социјалните мрежи, со голема гледаност и бројни позитивни коментари.
Но најголемата промена дојде после тоа…
Со стекнатото знаење и сигурност во процесот, Бисера сега самостојно создава видео контент за Телосфера. Видеото стана дел од нејзината редовна комуникација со публиката, а интересот за часовите значително се зголеми — со веќе неколку пополнети групи и нови членови кои дознале за Телосфера токму преку видеата.
Последен повик за оваа сезона: Аплицирај до 13ти февруари и добиј 15% попуст на програмите!
Ова е пример како практичното знаење и вистинското менторство можат директно да се претворат во реални резултати и раст на брендот.
Твоите Оли и Мартин <3
Marvie Creative // 10.02.2026