Почеток на следниот креативен бран - се одржа првиот час на курсот Видео Контент Креација
Започнавме нов циклус. Нови луѓе, нова енергија, нови креативни приказни.
Официјално ги отворивме вратите за новите групи на курсевите:
Првиот час го одржавме во пријатна и топла атмосфера, со благи и цвеќиња. <3
Групата Креатори е составена од студенти кои ќе изучуваат како да создаваат видео контент како фриленсери, работејќи на реални проекти за клиенти кои самите ги бираат за време на наставата.
Од друга страна, групата Брендови е исполнета со маркетинг специјалисти и основачи на компании кои доаѓаат со јасна цел - да го подигнат својот бренд преку моќта на видео контентот. Меѓу нив се: Себесложувалка, Жито Лукс и Станица 26
+ уште многу други брендови за кои се гордееме.
Она што нè издвојува е пристапот.
Ние сме единствена школа што нуди вистинска, лична поддршка за време на наставата. Секој студент добива 3 бесплатни приватни часови кои може да ги искористи по потреба - за насочување, фидбек или решавање конкретен проблем.
Ова е почеток на следниот креативен бран во новата маркетинг ера.
Те очекуваме,
твоите Мартин и Оли <3