Дали телефонот те користи тебе? Како да се разбудиш од допаминскиот сон 👀

Во свет каде екраните се постојано пред нашите очи, границата меѓу информираноста и „потонувањето“ во негативни вести станува сѐ побледа. Токму затоа, тимовите на Marvie Creative и СебеСложувалка ги здружија своите знаења и организираа отворен настан посветен на две од најактуелните теми на денешницата: Doomscrolling и зависноста од допамин.

Настанот го започнавме со дефинирање на овие феномени не само како навики, туку како реални предизвици за менталното здравје.

  • Doomscrolling: Нагонот постојано да ги следиме вестите, да бидеме „in the loop“ иако тоа нѐ вознемирува.

  • Допаминска стапица: Како социјалните мрежи го „хранат“ нашиот мозок со моментално задоволство, создавајќи круг од кој тешко се излегува.

Највредниот дел од настанот беше отворената дискусија. Заедно со менторите од Marvie Creative и психолозите од СебеСложувалка, присутните ги споделија своите лични импресии и искрено зборуваа за тоа како овие дигитални навики влијаат врз нивната продуктивност, сонот, секојдневното расположение но и навиките. Дискусијата се трансформираше во сигурна платформа за споделување, каде личните искуства станаа основа за градење стратегии. Фокусот не беше само дијагнозата на Doomscrolling-от, туку пронаоѓањето применливи алатки за враќање на контролата над сопственото внимание.

Најодвме и практични начини како да се заштитиме:

  1. Свесно користење: Препознавање на моментот кога посегнуваме по телефонот од досада или анксиозност.

  2. Дигитални граници: Поставување на време за „офлајн“ активности.

  3. Замена на навиките: Како креативноста и вистинската социјализација можат да го заменат вештачкиот допамин од лајковите.

Овој настан беше потсетник дека не сме сами во оваа борба. Со поддршка од експерти и низ заедничко споделување, можеме да ја вратиме контролата над нашето време и внимание. Преку градење на креативни весштини и негување на здрава ментална хигиена. 

Овој настан беше само почеток на една важна лекција: како да ја вратиме контролата врз сопственото внимание. Благодарни сме на сите учесници за искреноста, а особено на тимот на СебеСложувалка. Нивната поддршка и стручност беа клучни за успехот на оваа дискусија и чест ни е што заедно градиме поздрави дигитални навики.

Во Marvie Creative, нудиме курсеви за:
Видео контент креација, Цртање и сликање и Видео монтажа во CapCut.

До 15.04 (среда) имаме 15% попуст на сите програми. Искористи ја оваа можност и пријави се!


Ве сакаат вашите Ана, Мартин и Оли <3

Marvie Creative // 08.04.2026





Next
Next

Еве како изгледа еден час на сет: Курс за Видео Контент Креација